Можеби насловот повеќе можеше да биде и Requiem за Вардар, но ајде да се надеваме дека Вардар, иако веќе клинички мртов, сепак ќе преживее. Нашот миленик и најголем спортски бренд, лично јас го паметам и како:
-Клуб кој играше видна улога во југословенскиот шампионат (беше и
шампион).
-Клуб – учесник на Лига на шампиони, Уефа куп, Средноевропски куп, Куп
на саемски градови, Балкански куп…
– Клуб кој ја освои првата шампионска титула и куп а потоа уште неколку
последователно.
– Клуб што продуцираше најголем број на репрезентативци во сите
категории.
– Клуб на видни тренери, академици, функционери, доктори, обвинители,
новинари….
– Клуб што прв ја промовираше идејата за Балканска лига.
– Клуб што прв на овие простори стана самоодржив, правејќи ги првите
маркетиншки пакети, првите договори за домашни и интернационални ТВ
права.
– Клуб што прв во светот имаше своја авио компанија.
– Клуб што организираше 2 прекуокеански турнеи во Австралија и Јужна
Америка.
Подоцна разбрав за „фискултурата“ со фузија со Миравци, а дојде и новиот
„спонзор“.
Сега пак разбирам, дека Вардар е клинички мртов, дека „со попуст“ игра во нашиот шампионат со долг од 6 милиони евра и дека деновите му се одброени па затоа прашувам:
– Дали некој може да каже зошто спонзорот не ги исполнува обврските?
– Зошто Вардар трошел 5 – 6 милиона евра, ако за ист резултат се доволни
и 2 милиона?
– Колку средства клубот „приходувал“ од добро смислената варијанта со Законот за данок на профит, практично на сметка на даночните обврзници?
– Дали во клубот е вршена финансиска контрола и што е со дуплите договори?
– Зошто „ги наместија“ легендите на Вардар: Панчев, Најдовски,
Бабунски..?
– Како игралиштето што беше во владение на Вардар 70 години стана сопственост на Самсоненко?
– Зошто ги лажете хероите на Вардар, неговите играчи и навивачи, ги злоупотребувате во „бизнис“ и политички цели и смислено „го убивате“ Вардар?
Овие прашања заслужуваат ваш одговор поради јавноста, но и огромната армија на навивачи и поддржувачи на Вардар, кои со право се загрижени.
Како поминува времето, шансите за спас на Вардар се се помали, при што, губат сите: спортот, клубот, играчите, навивачите, доверителите, но сепак најмногу државата.
А шанси сепак има….