Внук на шеесет и седумгодишна жителка од Струмица и негов пријател вчера го спречиле А.К. (28) од село Бориево да изврши полови дејствија врз струмичанката, соопштија попладнево од СВР Струмица.
Имено, пред два дена околу 23:30 часот струмичанката пријавила дека додека била во својот дом дошол А.К. и се обидел да ја силува. Таа по телефон го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино, кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале А.К. со тврд предмет.
Синоќа на подрачјето на Ново Село полициски службеници го лишиле од слобода А.К. заради основано сомневање за сторено кривично дело силување казниво по член 186, став 5 од Кривичниот законик.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.