Сообраќајка на „Партизанска“: Повредени повеќе лица, уништено и возило на итна помош

Неколку повредени лица и оштетенo возилo на итна медицинска помош и едно патничко возило e епилог на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“. Според првичните сознанија, судирот се случил помеѓу возилото на итна помош на приватната болница „Неуромедика“ и патничкото возило „Mерцедес“. Во возилото на итна помош удрил автомобил со голема брзина , што се движел по „Партизанска“ во правец кон Центар. Веднаш пристигнаа уште две амбулантни возила за да ги пренесат повредените.

Неофицијалните информации укажуваат дека повреден е еден пешак, возачот на „Mерцедесот“,  две медицински лица  како и пациентот кој бил во болничкото возило.

Полицијата во моментов врши увид на лице место на настанот. Инаку, крстосницата кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ е место каде што често се случуваат тешки сообраќајни несреќи.

Претходна вестОблачно со повремен дожд во вечерните часови
Следна вестНајден е загадувачот во Трнодол, ќе добие максимална казна