Предлог преку промени на Деловникот на Собранието да се овозможи пратениците да заседаваат онлајн вчера поднел претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери. Во предлогот се бара пратениците да го усвојат по скратена постапка.
-Имајќи ја предвид новонастанатата состојба предизвикана од корона вирусот, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба. Предложените измени се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција, соопшти попладнево спикерот Џафери.
До сега неколку пратеници се заразени од корна вирусот и што предизвика проблеми во работата на парламентот. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се противи на онлајн работење, зашто велат дека со тоа владејачкото мнозинство сака да избега од проблемот со тесно мнозинство во Парламентот.