Во сообраќајката на „Партизанска“ повредени шест лица

Вкупно шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“, соопшти МВР.

Од МВР денеска информираат дека во несреќата учествувале возило “Пежо боксер” (санитетско) со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(57) од Скопје, автомобил “Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(25) од Ресен и пешак Н.В.(25) од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобиле Т.Б. и три лица сопатници во возилото Д.Б.(28) од Битола, В.Г.(23) од Гостивар и В.А.(55) од Струмица. Со повреди се здобиле и К.Ѓ. и Н.В. На повредените им е укажана лекарска помош, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Претходна вестНа СДСМ отсекогаш му одеше добро распродажбата на државен имот, но нели се реформира?
Следна вестШилегов го претстави новиот концепт за градските тротоари