Нова тура на именувањата на директори и други функционери си изврши Владата на вчерашната седница. Предупредувањата и барањата на државната Комисија за спречување на корупцијата, како и претходно, да се запре со вакавата пракса останаа залудни.
Владата вчера реши да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура – „Железници на Република Северна Македонија“ – Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец. Препорачано е и на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот, на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје му е препорачано да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази…
Дали и како ќе реагира Антикорупциската комисија останува да се види. Нејзините членови неодамна укажаа дека треба да се запре ваквата пракса бидејќи назначувањето на в.д директори се користело само затоа некои лица да бидат поставени на функција, Владата, брзо по ова, покажа колку тоа и „значи“ и продолжи со именувањата. Сега, покажува дека до крај ќе ја тера таквата пракса. Тогаш, ако залудни остануваат укажувањата на антикорупционерите која е смислата на постиењето на една ваква важна Комисијата? Да прави залудни анализи или да и се слуша гласот?