Македонија без осум стандардни првотимци за дуелот со Ерменија

Македонија во изменет состав вечерва се среќава со Ерменија, потребно ни е нерешено за прво место во групата, селекторот Игор Ангеловски најави дека нема да калкулира, ќе играме на победа.

Во составот на нашата репрезентација стандардниот дел од обранат е на располагање, но ги немаме Пандев, Адеми, Барди, Димитриевски, Николов, Спировски, Кире Ристевски, Езџан Алиоски и Елиф Елмас.

Листата е долга на играчки кои не се во Никозија, но Ангеловски смета дека и овој состав има капацитет да одигра без калкулации, играчите кои се повикани, Мицевски, Китановски,Трајчевски не се да пополнат место, тука се да ги исполнат задачите, да го оправдаат повикот.

– Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм , тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме, изјави селекторот на вчерашната прес конференција .

Ерменија ја пречекува Македонија во Никозија, средбата утре се игра во 18 часот.

Претходна вестЕдно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка кај Делчево
Следна вестЗаев бара обединување, но не сака да се сретнува со опозицијата