Шест лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што вчера се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје.
– На 20.11.2020 околу 16.00 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, на излез од с.Љубодраг кон Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(23) од с.Умин Дол, кумановско, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.