Сега Стојанче Ангелов повеќе ќе го боли глава од кога со неа кршеше ќерамиди

Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов кој од неодамна е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи, пред малку преку Фејсбук порача дека сериозно се зафатил со работата.

– Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи, напишал Ангелов, потпишувајќи се како генерал.
Граѓаните веќе почнале да му пишуваат:
-Генерале еве еден мој предлог. Ослободете ги хронично болните од работа. Гледаме дека вирусот зема жртви што биле целосно здрави, замислете како им е на хронично болните и на семејствата.
-Сега повеќе ќе те боли глава…
Претходна вестШест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Скопје
Следна вестТешко повреден возач на електричен тротинет по судир со „бмв Х6″