Тешко повреден возач на електричен тротинет по судир со „бмв Х6″

На 20.11.2020 во 20.30 часот во Скопје, пред поликлиника на ул.„Васко Карангелевски”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв Х6″, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(35) и електричен тротинет, управуван од Н.С.(38), и двајцата од Скопје. Во незгодата Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Претходна вестСега Стојанче Ангелов повеќе ќе го боли глава од кога со неа кршеше ќерамиди
Следна вестНа инфективните одделенија во земјава се лекуваат 825 пациенти