Вкупно 300 садници на дрвја се засадени денеска на новиот булевар „АСНОМ“ во скопската општина Аеродором.
– Засадуваме висококвалитетни садници коишто веднаш влегуваат во екоситемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој додаде дека булеварот „АСНОМ“ е модерно булеварско решение со по три коловозни ленти во секоја насока, тротоари и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило со прекрасни дрвореди од двете страни, урбана опрема со клупи и корпи за отпадоци и соодветно осветлување.