Пијанистките Ана Гацева и Татјана Џорлева вечерва одржуваат четирирачно дуо на пијано во фоајето на МОБ. На репертоарот се дела од А. Дворжак, Ј. Новак и Е. Григ. Концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“.
Организаторите најавуваат дека концертот ќе се одржи согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19, односно задолжително е носење на лична заштита на лицето, одржување на физичко растојание и задолжителна дезинфекција на рацете.