ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 242 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Во периодот од 23.11. до 29.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.
Бројот на собраните возила е речиси ист како и во изминативе недели. Тоа значи дека голем дел од возачите никако не сакаат да се продржуваат до сообраќајните прописи на подрачјетона централната скопска општина.