Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,90 проценти, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,00 ден/лит. За еден денар е намалена малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 и ќе изнесува изнесува 59,50 ден/лит.
-Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е В) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/литар, соопти РКЕ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг и ќе изнесува 28,368 ден/кг.