Темен режим Режим на светлина

Приведен крадец кој обил возило во К. Вода, украденото вратено на сопственикот

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Приведен е крадецот кој извршил кражба од возило паркирано во Кисела Вода, а украдените предмети се вратени на сопственикот, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека минатиот петок во СВР Скопје бил приведен во полициска станица В.А.(38) од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршил кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило на ул.„Христо Татарчев“.

-По преземени мерки и активности и извршен разговор, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Од полноќ бензините со намалена цена

Следна објава

Обвинение за скопјанец кој пијан ја силувал својата ќерка