Пронајдени мигранти во камион

Пет мигранти од Либија се откриени во камион на царински терминал во Тетово по што се приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Случајот бил пријавен утрово околу 9 часот и 20 минути.

-Во СВР Тетово било пријавено дека околу 8 часот и 30 минути во товарно моторно возило влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат непознати лица-мигранти.На местото веднаш излегле служби на СВР Тетово и во возилото биле затекнати 5 лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација.

Петмината мигранти ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.

Претходна вестМакедонија од четвртиот „шешир“ ги чека противниците за пласман на СП
Следна вестВо Македонија во болница се лекуваат 1.348 заболени од вирусот