Дали добро пресмета „Градски паркинг“ пред да бара поскапување на паркирањето?

Паркингот во Скопје требало да поскапи. Зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието било причина што ЈП „Градски паркинг“ бара зголемување на цената на паркирањето. Како што тврдат, зголемени им биле трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата.

Се предлага цената на чес паркирање да поскапи за по пет денари, ако час чинел 45 денари да биде 50, ако бил 35 да изнесува 40, а ако бил 25 да е 30 денари. Односно, да посакапи за 11, 14 и 20 отсто, а што воопшто не е соодветно на причините кои се наведени. До сега немаше поскапување на водата, а струјата во јули годинава поскапе само 7,4 отсто. Освен ова, немаше градење и трошоци за некои нови простори и капацитети за паркирање во градот, ниту отворени ниту затворени катни гаражи за кои се бара месечната карта да поскапи од 1.000 на 2.000 денари.

Дали сето ова покачување всушност не се прави за да се покриваат платите на вработените во ова градско јавно претпријатие? Колку се сега на број не е познато, но пред две години лично скопскиот градоначалник Петре Шилегов соопшти колку ги има и колку се вишок.

-’Градски паркинг‘ јас кога станав градоначалник имаше 237 вработени, а сега има 258. Од нив половината се вишок и слободно може да си одат. Вработувани се по партиски клуч и тоа ни е јасно, а мене ми требаат стручни луѓе, изјави на една седница на Градскиот совет Шилегов.

Тогаш и го објави податокот дека во градските служби и претпријатија има вишок од 1.200 вработени на кои не знае што да им прави. Не е познато дали од тогаш нешто е се смени, дали превработеноста се намали.

Додека јавно не биде соопштено дека ова Јавно претпријатие има оптимален број на вработени ваквите барања за покачување на цените се претерани. Некакво си оправдување можеше да има само доколку се сака дестимулирање на користењето на возилата во овој период за да се намали аерозагадувањето. Се друго е непотребно дополнително брцање во џебот на возачите кои паркираат низ Скопје.

Претходна вестВо Македонија во болница се лекуваат 1.348 заболени од вирусот
Следна вестПукал со пиштол во двор, оштетил три возила