Темно Режим Светло Режим

Обвинение за скопјанец кој пијан ја силувал својата ќерка

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – родосквернавење.

Станува збор за случајот од 9 ноември кога скопјанецот во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост, како резултат на токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој и во моментот бил во пијана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз оштетената и можност тој да го повтори делото.​​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Приведен крадец кој обил возило во К. Вода, украденото вратено на сопственикот

Следниот Пост

Македонија од четвртиот „шешир“ ги чека противниците за пласман на СП