Пукање со пиштол од страна на едно лице е причина за оштетување на три возила синоќа во Скопје, соопшти полицијата.
-На 06.12.2020 околу 22.00 часот во СВР Скопје, А.К.(46) од Скопје пријавил дека, додека бил заедно со Л.К.(37) во нивниот двор на ул.„Цветан Димов“, Е.З.(44) од Скопје, кој бил заедно со М.Л. и С.Л., со пиштол испукал неколку проектили. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека биле оштетени три возила, се наведува во информацијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.