Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на Ковид-19. Ова го информираа од Министерството за здравство.
Новозаразените се во Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6 и еден во Делчево.
Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56 и 58 години), еден од Куманово (60), двајца од Струга (70 и 82), двајца од Битола (48 и 78), четворица пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78 години), еден од Кочани (55) и еден пациент од Ресен (72). Сите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 689 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.305, бројката на оздравени пациенти е 54.034, на починати е 2.292, а бројот на активни случаи изнесува 21.979.