Партија ДОМ со загриженост повторно алармира за ситуацијата со Охридскиот Регион. Од таму со соопштение наведуваат дека по последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот, како и нефункционалноста на колекторот.
-Со ваквото непланско постапување се доведува во прашање опстојувањето не само на природното, туку и културното богатство на регионот, соопшти партијата.
ДОМ апелира до локалната власт на општините Охрид, Струга и Дебрца сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел заштита на нашето единствено природно и културно наследство на Охридскиот Регион.
-Да не се дозволи Охридскиот Регион, да го загуби статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО, се додава во соопштението.
Останува само нејасно, зошто мораше апелот да е преку соопштение. Па ДОМ е партија која партиципира во владеачкото ммнозинство, односно во Владата. Може од внатре многу повеќе да сработи за доброто на Охрид и Охридското езеро.