Во скопските ковид центри има 190 слободни места

Бројот на приеми во изминативе денови во скопските ковид центри е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, соопшти денеска Министерството за здравство. Во инфорамцијата се додава дека се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во ковид центрите во Скопје во изминативе за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваат 333 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19Вкупно 333 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19  се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа  по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло, на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Очната клиника. Двајца болни се примени на Клиниката за Неврологија и тројца на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало   5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден, се наведува во информацијата.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

Претходна вестАпасиев бара 30.000 евра отштета затоа што бил прислушуван
Следна вестУбаво што ДОМ јавно алармира за Охрид до Владата, но нели е нејзин составен дел?