Убаво што ДОМ јавно алармира за Охрид до Владата, но нели е нејзин составен дел?

Партија ДОМ со загриженост повторно алармира за ситуацијата со Охридскиот Регион. Од таму со соопштение наведуваат дека по последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот, како и нефункционалноста на колекторот.

-Со ваквото непланско постапување се доведува во прашање опстојувањето не само на природното, туку и културното богатство на регионот, соопшти партијата.

ДОМ апелира до локалната власт на општините Охрид, Струга и Дебрца сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел заштита на нашето единствено природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

-Да не се дозволи Охридскиот Регион, да го загуби статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО, се додава во соопштението.

Останува само нејасно, зошто мораше апелот да е преку соопштение. Па ДОМ е партија која партиципира во владеачкото ммнозинство, односно во Владата. Може од внатре многу повеќе да сработи за доброто на Охрид и Охридското езеро.

Претходна вестВо скопските ковид центри има 190 слободни места
Следна вестРСБСП: Се влошуваат условите на патиштата, возете побавно!