Убаво, општина Карпош субвенционира поправки на лифтови и кровни површини

Уште тече рокот за пријавување на Јавниот повик за субвенционирање на поправки на лифтови и кровни површини објавен од страна на општина Карпош. На повикот може да учествуваат граѓани, заедници на сопственици и управители на згради.

Повикот беше распишан на крајот на 2020 година, но жителите на Карпош имаат можност сѐ уште да аплицираат, се до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.

Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот. Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач, се наведува во информацијата од општина Карпош

Претходна вестКумановец украл паричник сo 15.000 денари и две платежни картички
Следна вестВо скопските ковид-центри примени 24 нови пациенти, вкупно се лекуваaт 333 болни