Кумановец украл паричник сo 15.000 денари и две платежни картички

Полицијата вчера привела крадец кој сторил повеќе грабежи на скопското подрачје. По приведувањето од страна на полицијата осомничениот Г.П. (33) од Куманово признал дека направил грабеж во приватна здравстена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје. Притоа тој украл паричник во кој имало 15.000 денари и две платежни картички.

-По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. е пронајдена и бела прашкаста материја, стои во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, против  Г.П  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестРСБСП: Се влошуваат условите на патиштата, возете побавно!
Следна вестУбаво, општина Карпош субвенционира поправки на лифтови и кровни површини