Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во јуни годинава. Ова денеска го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, кој истакна дека лесно се договориле со Ангеловски за продолжување на соработката.
– Потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали во врска со продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување некоја позиција, изјави Сејдини.
Инаку, претходниот договор на Ангеловски заврши на крајот од 2020 година, а се појавија и некои шпекулации дека би можел да замине од кормилото на репрезентацијата.