Македонските ракометни репрезентативци успеаја да обезбедат пласман за следната фаза на СП во Египет. Го победија репрезентативниот тим на Чиле со 32 : 29. Успехот е голем ако се знае дека тоа го сторија по двата тешки порази од Шведска и Египет.
Во првото полувреме натпреварот беше израмнет, а македонската репрезентација првпат во водство стигна со резултат 10:9. Сепак на крајот полувремето заврши со еден гол предност за Чиле, односно 17:16.
Со поголема будност и настојчивост македонските репрезентативци на стартот од второто полувреме ја засилија одбраната. Одлични беа и голманите, па во последните 10 минути ние влеговме со два гола предност 27:25.
На крајот од натпреварот репрезентативците славеа со конечни 32:29.
Најмногу голови постигна Лазаров – дури 8, а по него расположени беа и младиот Костески со 5 гола и Пешевски со 5 погодоци.
Во следната фаза на СП ќе вкрстиме со групата во која се Русија, Словенија и Белорусија.