Најнова најава за вакцините: Граѓаните преку интернет ќе може да се пријават за вакцинирање

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, ќе можат преку интернет да се пријават за да добијат вакцина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот објасни дека 4.000 здравствени работници се пријавиле, од кои 2000 во Скопје, а останатите од другите градови во Македонија.

-Сајтот се очекува да биде во функција утре и тоа ќе значи дека секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни, вели Филипче.

Како што е најавено, во согласност со капацитетот на здравствениот кадар, во некои поликлиники и здравствени домови ќе има по повеќе вакцинални пунктови кои ќе работат во две смени за да може да се имунизираат поголем број  граѓани.

Засега останува нејасно само уште кога точно ќе пристигнат вакцините.

Претходна вестПоради истекот на 90 дена од последното рочиште: Случајот ,,Шпански скали” почна одново
Следна вестМајката на математичкиот талент Дамјан Давков бара правда: Ќе поднесеме тужба против МОН