Меѓународниот тим кинески експерти и експерти од Светската здравствена организација кои во Кина го бараат изворот на смртоносниот корона вирус, соопшти дека се уште не е пронајдено животното од кое потекнува.
Шефот на делегацијата експерти на прес – конференција кусо рече дека преносот на вирусот од животно е веројатен, но „сè уште не е идентификувано“.
Исто така нема ниту доволно докази за да се утврди дека овој вирус постоел во Вухан пред декември 2019 година.
Хипотезата до која се држат експертите на СЗО е дека корона вирусот од првото животно се пренел на второ животно како посредник пред да се прошири на луѓето.