Се случија и првите злоупотреби на вакцините што во првата фаза се достапни само за медицинските лица. Имено немедицински персонал од Охридската болница се вакцинирал против ковид 19. Со реакција веднаш излезе министерството за здравство. Ќе биле санкционирани сите кои не смееле а го сториле тоа во оваа фаза.
Инфомацијата предизвка поделеност кај јавноста. Едни сметаат дека мора да одговараат тие кои си дозволиле да го земат редот на лекарите и медицинските сестри – оние кои се први на удар од вирусот. Други, пак дека виновен е директорот, оти тој морал да знае кој се стои на списокот за вакцинација од неговата установа. Трети го оправдуваат подегот на тие што не требале а се вакцинирале, затоа што “во вакво време – невреме, кога секој ден слушаме различни изјави за вакцините, а истите ги нема – луѓето се веќе преплашени за сопственото здравје, па не треба да се казнува што некој се обидел да се снајде.
Несомнено е дека треба да има санkции. Но и надлежните, пред се министерството и министерот за здравство да си го стават прстот на глава: зошто ги доведоа луѓето во ситуација да се снаоѓаат на ваков начин? Секако треба и да се размислата дали системот за вакцинирање кои го имаат е добар и лесно се контролира. Ако сега има злоупотреби кога во Македонија нема ниту 5000 вакцини како ќе биде кога ќе дојдат многу?
И уште нешто, на граѓаните им е преку глава од изјави дека вакцини не сме имале за да не ни бидат вишок, па дека…