Mинистерството за здравство информира дека анализите за еден од двајцата пациенти што се вратиле од Занзибар покажале присуство на британскиот сој на коронавирусот.
Анализите на брисовите се направени во лабораторијата на МАНУ.
Во текот на утрешниот ден, пак, ќе се направат анализи и на вториот пациент за кој претходно информираа здравствените власти.
Комисијата за заразни болести веќе предложи задолжителен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји, а најавено е и можно заострување на мерките.
Се работи за сопружници од Битола, кои откако се вратиле од престојот во оваа африканска земја, пројавиле симптоми на коронавирус, по што биле хоспитализирани во струшката болница.