Косовскиот државјанин кој беше во 48 часовен притвор како осомничен за пукањето во Ѓорче Петров попладнето на 1 март, ќе биде пуштен бидејќи анализата на биолошкиот материјал кој бил пронајдени во возилото од кое постои сомнение дека било пукано при што е ранет полициски службеник, покажала дека не одговара на неговата ДНК.
Ова лице исто така не било препознаено од повредениот како оној кој пукал во него.
Имаше уште еден притворен за пукањето кое на 1 март во 16 часот се случи на улицата „Борис Сарафов“, при што од голф беше пукано кон мерцедес, но и ова лице поради немање докази е пуштено.
За повредениот кој е полициски службеник неофицијално беше објавено дека е син на екс – поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.