Операција попис: Досега попишани 22 илјади од дијаспората, Заводот отфрла можност за манипулации

Досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот завод за статистика, оценувајќи дека динамиката на правата фаза од пописот досега тече успешно и отфрлајќи ги како лажни информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство.

– Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно, ниту видовме каков било доказ или print screen за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите, соопштија од ДЗС.

Во меѓувреме, објавен е и слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам“ со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Кампањата ја креира Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија.

Претходна вестКосовскиот државјанин не пукал во синот на екс – поглаварот на ИВЗ, пуштен е од притвор
Следна вест„Не отворам врата“: Членовите на владата да потпишат изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите