И вториот пациент кој се лекува од ковид -19 во земјава, а неодамна бил во Занзибар има британска мутација на коронавирусот, соопшти попладнево Министерството за здравство, повикувајќи се на резултатите од анализата во МАНУ.
Се работи за еден од битолските сопружници кои откако се вратиле од домор во Занзибар пројавиле симпроми на ковид, при што сомневањата беа дека е можно да донеле јужноафрикански сој кај нас.
Вчера и кај неговата сопруга беше детектиран британски сој.
Комисијата за заразни болести веќе предложи задолжителен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји, а најавено е и можно заострување на мерките.