Неделен ковид-биланс: Февруари го завршивме со дури 56 отсто повеќе заразени

Последната недела од февруари (22-28), бројот на нови случаи со ковид-19 се зголемил за дури 56,4 проценти во споредба со една недела претходно, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Процентот на позитивни, во однос на тестираните се движел од 12 до 21,7 отсто или просечно 17,9 проценти.

Новите случаи се регистрирани во 32 различни града, а според возрасна група најмногу биле над 60 години – 25,1%.

Голем број заболени се регистрирани и во возрасните групи од 30 до 39 години (18,4%), 40-49 години (18,2%), 50-59 (16,9%) и 20-29 години (14,6%), а најмалку има кај децата до 9 години (1,7%), додека во групата деца и тинејџери од 10-19 години биле 5,2% од вкупниот број тестирани.

Кога станува збор за бројот на починати, пак, речиси и да нема разлика -бројот на смртни случаи во периодот од 22 до 28 февруари изнесувал 69, што е за еден помалку.

Во однос на возраста на починатите, 60 лица биле над 60 години, 5 на возраст од 50 до 59 години, 3 на возраст од 40 до 49 години и едно лице на возраст од 30 до 39 години.

Претходна вест„Не отворам врата“: Членовите на владата да потпишат изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите
Следна вестБитолчаните што беа во Занзибар имаат британски сој на коронавирус, тврди МАНУ