Полицијата вчера само во Скопје изрече 165 мерки, меѓу кои 28 за непочитување брзина на движење, 21 за возење без дозвола и 10 за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на црвено, четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила.