Посебна единица за броба против родово насилство ќе формира МВР, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој објасни дека единицата ќе биде составена од повеќе инстититуции.
-Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави, рече Спасовски на вечерашната онлајн трибина на Форумот на жени организирана по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.
Тој рече МВР е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата.
-Горд сум на процентите кои покажуваат зголемување на учеството на жените во управувачката структура на министерството кое јас го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Во 2015 година нема ниту една жена командир на полициска станица, а сега има неколку, како на пример во Куманово, на најголемиот граничен премин „Богородица“ во Гевгелија, но и во други неколку градови, посочи Спасовски.