Во последните 24 часа во Македонија се направени се 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на Ковид-19 во Скопје. На боеста и подлегнале 22 пациенти. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Починати се 9 пациенти од Скопје (на возраст од 66, 69, 78, 87, 75, 80, 75, 70 и 73 години), 4 пациенти од Прилеп (67, 86, 89 и 45 години), двајца пациенти од Гевгелија (на возраст од по 73 години) и по 1 пациент од Тетово (72), Велес (73), Охрид (79), Кочани (72), Кичево (70), Делчево (75) и Струмица (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Новозаразените се во Скопје– 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип по 6, Кичево, Ресен и Богданци по 5, Свети Николе – 3 и во Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран по еден.
Регистрирани се и 412 оздравени пациенти од Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 4, Дебар и Кичево по 3, Ресен, Виница и Кратово по 2, и Неготино, Крушево и Богданци по еден.
Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.