„Конески- мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“: тркалезна маса на руски и македонски јазик на 18 март

Тркалезна маса на тема: Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти ќе се организира на 18 март со почеток во 12 часот на платформата Zoom. Иницијативата за неа потекнува од рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Трибината е во рамките на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ а во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Дискусијата ќе се одвива низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски, а работни јазици се рускиот и македонскиот.

Двете клучни теми се: Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.

Претходна вестНе не спасуваат ни 10 џиновски правосмукалки за чистење на воздухот, среќа ветерот дувна
Следна вестПроменливо облачно со северен ветер, температура до 10 степени