Не не спасуваат ни 10 џиновски правосмукалки за чистење на воздухот, среќа ветерот дувна

Ѓорчепетровецот Петре Ристески измислил џиновска правосмукалка за прочистување на воздухот во радиус од 100 метри. За околу три недели истата ќе биде поставена во населбата на која тој решил да и ја подари. Градоначалникот, очекувано се израдувал, бидејќи барем за малку ќе се прочисти воздухот во неговата општина. Џиновската направа има форма на кула и направена била од природни материјали.

За овој изум јавноста разбра прво од печатените медиуми, па информацијата експресно се рашири по социјалните мрежи, бидејќи луѓето видоа барем трошка надеж за почист воздух.

-Кога надлежните со години лажат дека нешто прават, барем нека поднаучат нешто од обичните луѓе и нека се заинтересираат!

-Зошто само Ѓорче Петров, зарем не може државата да го награди овој човек и да го финансира барем во клучните места во главниот град да се обезбедат вакви кули на повеќе места?

-Ех, надлежни, нас не не крпат ни 10 џиновски правосмукалки, ете толку не направивте ништо за да не се труеме од загадување!

Ова се само дел од коментарите на граѓаните. А, дали изумот на Ристески ќе ги заголицка малку да се засрамат што не успеаја ни доволно буџет да одвојат за борба со загадувањето, ќе видиме во периодот што следи. А можеби ќе слушнеме само уште некое ветување, за кое надлежните веруваат дека граѓаните ќе ги смири и замолкне.

Туку, среќа деновиве ветерот дувна…

Претходна вест„Даме Груев“ и „Кочо Рацин“ утре од сабајле без вода
Следна вест„Конески- мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“: тркалезна маса на руски и македонски јазик на 18 март