И лежечките и стоечките полицајци не постасуваат: За четири дена казнети 225 возачи за брзо возење

Брзото возење и непочитување на ограничување на брзината од 50 километри на час и натаму се одлика на голем дел од возачите по Скопје. Тоа се гледа на самите улици, тое го покажуваат и податоците за казнети возачи во изминативе четири дена кои секојдневно ги соопштува МВР.

За овој период полициските патроли казнија дури 225 возачи кои возеле пребрзо. Вчера, на пример, биле казнети 29 возачи, завчера 14, а најмногу имало на 14 март – 114 казнети и на 13 март – 68 возачи.

Очигледно, досегашните мерки на даваат резултати и не ги дисциплинираат возачите. Време ли е да почне да се размислува за нови начини за воведување на ред на скопските сообраќајници.

Инаку, и вчера имало и други прекршоци меѓу вкупно казнети 174 возачи.

-Изречени се осум санкции за возење без возачка дозвола, шест за непрописно престигнување и обиколување, 15 за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила, соопшти МВР.

Претходна вестЗаседава Комисијата за заразни болести, можни ли се нови рестрикции?
Следна вестЌе одат ли деновиве и други министри и владини функционери на одмор?