За евентуално воведување на нови рестрикции како превентивни мерки против наглото ширење на корона вирусот се очекува на денешна седница да решава Комисијата за заразни болести. По седницата, најавена е прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче кој ќе информира за тоа за што ќе бидат дадени препораки.
Комисијата треба да се изјасни околу тоа на кој начин уште да се спречи се поголемиот број на новозаразени лица, од кои добар дел се сместуваат во болнички установи кои имаат се помалку места за пациенти.
-На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони, како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата, изјави вчера Филипче.
Дел од општините во Maкедонија веќе побараа подолго траење на полицискиот час.
Инаку, во соседна Србија се воведоа нови мерки со кои до следниот понеделник ќе може да работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи.