Податоци за лицата кои за време на пописот ќе бидат на болничко лекување или во изолација поради ковид, ќе даваат членови на нивните домаќинства или семејства.
Од следната недела Заводот за статистика секојденвно ќе добива податоци за лицата со ковид-19, со што ќе има информации за временската рамка во која тие се наоѓаат во изолација.
Доколку пак, некое лице живее само, односно нема семејство или домаќинство, попишувачите со целосна заштитна опрема ќе влезат кај него дома и ќе го попишат, согласно утврдените протоколи за пописот.