Темен режим Режим на светлина

Од понеделник се реконструира „Орце Николов“, работите треба да завршат до јули

Во понеделник ќе започне првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“, најави денеска преку  социјалните мрежи градоначалникот Саша Богдановиќ.

Тој објави дека реконструкцијата е поделена во шест фази и ќе се одвива по целата должина на улицата која е под надлежност на општината, на потегот од раскрсницата со бул.

„Св.

Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.

Овој зафат ќе ја опфати целата површина од 7.182 метри квадратни и доколку сѐ се одвива согласно проектот, градежните активности ќе завршат во месец јули.

– Со реконструкцијата ќе се даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста при нивното движење по цела должина на улицата. Ќе се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт, со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени, наведе Богдановиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Како ќе се попишуваат болните од ковид и оние во изолација?

Следна објава

Ни кинески, ни „Фајзер“: Први изгледа ќе стигнат вакцините на „Астра Зенека“