Ни кинески, ни „Фајзер“: Први изгледа ќе стигнат вакцините на „Астра Зенека“

Не сакам да шпекулирам, но доколку не стигнат кинеските до крај на март, тогаш можно е вакцинацијата на населението да започне со „Астра Зенека“, најави денеска министерот Венко Филипче.

Овие вакцини кај нас ќе стигнат преку Ковакс- механизмот и за нив немаше никакви забелешки се додека десетина земји од Европа и од светот не го прекинаа вакцинирањето со оваа вакцина, поради појавата на неколку случаи на згрутчување на крвта по примањето на дозата.

На прашањето, како властите ќе го убедат населенито кај нас да се вакцинира со оваа вакцина, Филипче уверува дека сите вакцини кои ги имаме (тоа се две?!) и оние кои допрва ќе дојдат се целосно безбедни и се повика на ставот на Европската агенција за лекови која отфрли каква било поврзаност на оваа вакцина со проблемите кај некои вакцинирани.

За тоа до каде е набавката на вакцините од „Фајзер“, Филипче призна дека процедурата се оддолжи, поради, како ѓто рече дополнителни услови кои ги поставуваат од компанијата, а последниот пристигнал пред неколу дена и се однесува на одговорноста при евентуални несакани ефекти од вакцината.

-На 30 декември имавме комуникација кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и од тогаш траат тие разговори. Ние го потпишавме договорот и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација, рече денеска Филипче.

 

Претходна вестОд понеделник се реконструира „Орце Николов“, работите треба да завршат до јули
Следна вестУште 63 нови пациенти со ковид во скопските болници за 24 часа