По една година затвор за тројца насилници од протестите за „Монструм“

Затворска казна по една година добија Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси – обвинети за насилството што се случи на протестот за пресудите на „Монструм“.

Тие на денешното прво рочиште за случајот го признаа делото.

За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, судењето ќе продолжи на 31 март.

Постапката ќе биде издвоена за обвинетиот Бесим Касами поради неговата влошена здравствена состојба, како и за Суља Башким, кој не е достапен за органите на прогонот.

Обвинетите се товарат дека на 26 февруари заедно со други лица почнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници фрлајќи со камења, бекатон-плочки, метални шипки и други предмети во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, тешки телесни повреди добил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Претходна вестСтрогите протоколи биле гаранција за пописот, а досегашните протоколи што гарантираа?
Следна вестФедерацијата уверува: Планинарскиот дом на Водно нема да биде ресторан