Или почитување на мерките или продолжување на полицискиот час

Следните мерки кои би се примениле ако не се намали бројот на новозаразени е продолжување на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Но, засега здравствените власти сметаат дека не треба ништо да менува, бидејќи денешната бројка на новозаразени е под илјада, за разлика од изминатите два дена кога беше над 1.200.

-Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, изјави Филипче.

На почетокот на следната недела, Комисијата за заразни болести ќе ги анализира податоци за динамиката на нови случаи и за состојбата во болниците, по што ќе се знае дали ќе има промени во мерките, односно дали тие ќе се заострат.

 

Претходна вестПроф. Панов има прашања за Царовска по повлекувањето на учебникот по географија
Следна вестКако ќе се попишуваат болните од ковид и оние во изолација?