На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 1 224 пациенти, а во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 63 пациенти со компликации од ковид.
Поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Ургентен, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија кои имаат вкупно 50 кревети.
Во последното деноноќие, најмногу се примени на интерните клиники и Ургентен – 28, потоа во ГОБ „8 Септември“ – 12, 17 на Инфективната клиникаи во Козле биле примени 6 нови пациенти.
На Гинекологија има 7 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.