Пандемијата засилува со новиот бран во Македонија. Власта пак засили со нов бран на убедувања дека пописот мора да се спроведе.
Вирусот напаѓа се позасилено, Комисијата за заразни болести по викендов ќе ја анализира состојбата и ќе каже дали ќе има зголемени мерки, зголемен полициски час, скратување на работата на кафулињата… Ама Комисијата не била надлежна за тоа дали требало да се одложи пописот иако пандемијата е силна…
Испадна дека таа можела само да каже дека мора да носиме маски и надвор на отворено, да каже дека досегашниот полициски час ќе треба да трае подолго, да каже дома да не ни доаѓаат гости, да каже…
А Владата пак кажува дека Пописот 2021 ќе се спроведе, а гаранција за тоа биле строгите протоколи. Од белата зграда ни порачуваат дека граѓаните и попишувачите ќе бидат безбедни, и оти целиот фокус на Владата бил во таа насока. А сите знаеме дека Владата штом се фокусира…
Значи, ова ли е стратегијата: На врата ќе ни тропнат нови рестрикции, ама и попишувачи?