Денеска со почеток во 16 часот во седиштето на УНЕСКО во Париз, се одржува настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески.
Во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на годинашното, 60. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.
И овој настан е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, а со негово организирање се враќа традицијата на одбележување на Светскиот ден на поезијата и соопштување на добитникот на „Златен венец“, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на „Мостови на Струга“, награда за најдобра дебитантска поетска книга.